Машката ракометна репрезентација на Македонија ја совлада Црна Гора со 54:51 во контролниот натпревар со три полувремиња одигран во српскиот град Стара Пазова пред Европското првенство 2024 во Германија.
Избраниците на селекторот Кирил Лазаров беа подобри од Црногорците во сите три делници од по 30 минути, и тоа 22-17 по првото полувреме, 39-37 на крајот од основниот дел и 15-14 во продолжението.
Македонските ракометари утре се враќаат во Македонија, каде што ќе добијат два слободни дена за новогодишните празници. На 4 и 5 јануари ќе имаат возвратен двомеч со Грција, исто така учесник на ЕП, на кое ќе заминат на 8 јануари.
„Црвено-жолтите“ на ЕП ќе стартуваат на 10 јануари од 18 часот против Франција пред 54.600 гледачи на стадионот „Mеркур шпил арена“ во Диселдорф, а во групата А за противници ќе ги имаат и домаќинот Германија на 14 јануари од 20:30 ч. во „Мерцедес бенц арена“ во Берлин, во која два дена подоцна од 18 ч. ќе ги одмерат силите и со Швајцарија,





