Рутинска победа на фудбалската репрезентација на Македонија од 2:1 над Ерменија по трите успешно изведени пенали на стартот од дивизијата Ц во Лигата на нациите во Скопје.



Прецизни изведувачи на најстрогата казна за „црвено-жолтите“ беа Езгјан Алиоски во 5. минута и Илија Несторовски во 38. минута, а за Ерменците поранешниот играч на Вардар, Тигран Барсегјан, во четвртата минута од судиското надополнување на времето.

На Денот на македонската независност – 8 Септември избраниците на селекторот Игор Ангеловски ќе ѝ гостуваат на Грузија во рамките на втората група, во која е и селекцијата на Естонија.