Македонија плаќа најскапа струја во регионот

Поскап киловат час од граѓаните на Албанија, Црна Гора, Србија, Босна и Херцеговина и на Косово, плаќаат македонците, покажуваат најновите податоци на Европската статистичка служба (Евростат) за првата половина од 2023 година.



Според Евростат, во првата половина на 2023 година, во Албанија 10,1 евро биле 100 киловат-часови, додека во Македонија цената е 10,5 евра за 100 киловат-часови. И покрај субвенциите кои се напишани на секоја испорачана сметка за електрична енергија, домаќинствата во Македонија плаќаат најскапа струја во регионот.
Според Евростат, косовските семејства имаат најевтин енергенс во Европа, по цена од 0,067 евра за киловат-час. Следуваат Турција (0,084), Босна и Херцеговина (0,087), Србија (0,096) и Црна Гора (0,096).

Во Македонија во тек е повикот за избор на Универзален снабдувач за електрична енергија за наредните пет години. Јавниот повик завршува на 12 јануари.

Извор : https://plusinfo.mk/makedonskite-gra-ani-pla-aat-na-skapa-stru-a-vo-regionot-e-se-smeni-li-neshto-po-povikot-za-univerzalen-snabduvach/