Македонија петта во Европа, 11. во светот по стапката на смртност од Ковид-19 во октомври!

Според стапката на починати лица од Ковид-19 на 100.000 жители во периодот од 1 до 26 октомври, Македонија се најде на петтото место во Европа и на 11. во светот, покажуваат податоците на Европскиот центар за превенција и контрола на болести (ЕЦДЦ).



Во првите 26 дена месецов од компликации предизвикани од коронавирусот во Македонија починаа 182 лица или 8,76 на 100.000 жители, објави Дојче веле на македонски јазик.

Неславен светски лидер во наведениот период е Аргентина со 27 починати на 100.000 жители, а во Европа полоши стапки на смртност од Ковид-19 од Македонија имаа само Андора, Чешка, Црна Гора и Молдавија.

Во истиот период во земјава беа регистрирани вкупно 9.168 новозаразени или 441 на 100.000 жители. За споредба, Европската унија и Германија ги земаат стапките од 30 до 50 новозаразени на 100.000 жители како критични.