„Македонија пат“, ланската година ја заврши со 130 работници повеќе во однос на 2019-та.
Јавното претпријатие кое ги санира патиштата, поставува сигнализација и ги одржува во зимски услови покажува дека 2020 е завршена со 843 ангажирани вработувања. Претходната 2019 била завршена со 714 работници.
Тоа се одразило и на зголемувањето на трошоците за платите за вработените, па така тие лани изнесувале 235 милиони денари, наспроти 200 милиони една година претходно, објави „Фактор“.
Трошоците за зголемување за платите пораснале за 17,9 отсто односно за нешто повеќе од 500.000 евра.






