По повод, тригодишнината од членството на земјава во НАТО, во касарната „Илинден“ во Скопје ќе се одржи централна церемонија на која се предвидени обраќања на премиерот Димитар Ковачевски, министерката за одбрана Славјанка Петровска и началникот на Генералштабот на Армијата генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски.
Дел од свеченоста ќе бидат и неколку показни вежби и активности на Армијата, вклучувајќи прелет на сојузнички воздухоплови во рамки на мисијата „Air Policing“.
Во организација на Министерството за надворешни работи во Клубот на пратеници, пак, ќе се одржи традиционалниот „НАТО појадок“, со учество на дипломатскиот кор.
Со ова официјално ќе започнат Деновите на НАТО во државава кои ќе траат до 4 април.






