Македонија никогаш немало да биде Северна за ВМРО на Каракачанов

Партијата ВМРО-Бугарско национално движење на вицепремиерот и министер за одбрана Красимир Каракачанов од својот 7. Конгрес денеска порача дека има само една Македонија, „братска и бугарска“.



„За ВМРО, Македонија никогаш нема да биде Северна, Јужна, Горна или Долна. Македонија е една, таа е братска и бугарска“, рече европратеникот Ангел Џамбаски за време на Конгресот.

Тој додаде дека го искористиле својот мандат во Европски парламент што е при крај за да ги заштитат „правата и законските интереси на Бугарите во Македонија“.