Македонските власти не одговориле на понудата на Русија околу евентуална набавка на вакцината Спутник V, за која интерес пројавиле над 50 држави во светот.
„Уште на почетокот на есента и понудивме на македонската Влада да се воспостави контакт со рускиот Фонд за директни инвестиции и да се преговара за можноста за набавка на руската вакцина. Министерот за здравство Венко Филипче нѐ информираше дека лицето за контакт за ова прашање ќе биде професорката Александа Грозданова, шеф на Националниот комитет за имунизација при Министерството за здравство. На професорката Грозданова ѝ беа дадени сите потребни податоци за контакт. Исто така ѝ беше испратено писмо од претставникот од рускиот Фонд за директни инвестиции кое за жал остана без одговор“, изјави економскиот советник во Амбасадата на Руската федерација во Македонија, Владимир Хрисанфов, за Сител.
Вакцината Спутник V која е наменета за странските пазари ќе се произведува кај меѓународните партнери на рускиот Фонд за директни инвестиции.
Руската вакцина може да биде две форми – замрзната, која се чува на -18 степени и лиофилизирана, која се чува на 2 до 8 степени.






