Македонија нема да испрати нов амбасадор во Москва

Министерот за надворешни работи Бујар Османи на денешната прес-конференција објави дека се одложува упатувањето на нашиот амбасадор во Москва.



„Ние донесовме вчера одлука да го одложиме упатувањето на нашиот амбасадор во Русија, кој требаше да оди на 15 март“, рече Османи на денешниот брифинг со новинарите.

Инаку за нов амбасадор на Македонија во Русија од минатата година е назначен Ненад Колев.

Османи оцени дека руската амбасада во земјава е многу активна на социјалните мрежи со оправдувања за „специјалната операција“ во Украина.

„Сите тие одлуки ќе ги носиме во координација со партнерите. Ако некој се сретне со рускиот амбасадор, тоа ќе биде само заради демарш“, рече Османи кој потсети дека многу земји ги протеруваат руските дипломати и да ги забрануваат руските пропагандни медиуми…

Македонската влада вчера препорача кабловскте оператори да ги укинат руските медиуми…