Тоа што направи Русија е кршење на меѓународното право и на европската безбедносна архитектура. Многу е важно Украина да победи во оваа војна.
Нема да признаеме никакви референдуми ниту резултати од такви референдуми, изјави МНР Бујар Османи на денешниот редовен брифинг со новинарите.
„Што ако утре на секој голем сосед му текне да нападне помала земја и да си земе територија?”, рече Османи.
„Ме чуди што 25 посто македонски граѓани сметаат дека руската агресија врз Украина е оправдана, тоа е против националните и државните интереси на нашата земја”, додаде Османи.







