Македонија нема амбасадор во Софија од март

Македонскиот амбасадор во Бугарија, Марјан Ѓорчев, се врати во Македонија по завршувањето на неговиот мандат на 31 март годинава. И покрај барањето да му биде продолжен мандатот, од МНР добил одговор дека треба да се врати, а нов амбасадор во таа земја се уште немаме, пишува МКД.Мк



На некои амбасадори им беше продолжен мандатот, мене веднаш ме вратија. Зошто? Веројатно оцениле дека треба да се вратам, тоа е дискреционо право на министерот.

Разговарав и со претседателот Стево Пендаровски, тој сметаше дека треба да се продолжи мандатот, но министерот одлучи. Ми пратија писмо. Мене мандатот ми беше од 1 април 2016 до 31 март 2020. Тоа е мандат и нема што да се приговара“, вели Ѓорчев за МКД.МК

Порталот пишува дека додека е во тек дипломатска битка со Бугарија, Македонија моментално во Софија има само вршител на должност, но тој има лимитирани ингеренции. Претставник на државата со сите овластувања е амбасадорот…