Македонија не заслужува да биде членка на ЕУ, убеден е Џамбаски

Бугарскиот европратеник Ангел Џамбаски смета дека Македонија не заслужува да стане членка на Европската унија.



„Успеавме да докажеме дека го штитиме бугарскиот национален интерес во Македонија. Владата на нашиот западен сосед игра на антибугарска карта и не заслужува да биде член на ЕУ“, изјави за тамошната Нова телевизија потпретседателот на ВМРО на вицепремиерот и министер за одбрана Красимир Каракачанов.

Тој ја осуди и резолуцијата на Европскиот парламент за состојбата со правната држава и со основните човекови права во Бугарија, вклучувајќи го и македонското малцинство.

„Наши крајно неразумни колеги, кои се обидуваа да си направат реклама со резолуцијата за Бугарија по внатрешнополитички теми, допуштија таа да се преврти во многу тежок инструмент против нашата земја. Во неа се споменуваше и обврската за Бугарија да признае непостоечки малцинства на нејзината територија, какво што е македонското. Тоа е нешто што успеав да се изборам да не се случи“, се пофали Џамбаски, според кој овој документ на ЕП е „против бугарските интереси и бугарската државност“.