И шефицата на бугарската дипломатија со реакција по честитката на премиерот Зоран Заев на националниот ден на Србите „Свети Сава“ во која најави дека и српскиот јазик ќе се врати во основните училишта како изборен предмет.
„За жал, не сум изненадена од ваквата одлука на македонските власти. Враќањето на српскиот јазик значи дека сите партии во Македонија, без оглед на нивните политички разлики, се едногласни за ова прашање…, како и за темата за односите со Бугарија “, рече Екатерина Захариева за бТВ.
Според неа, ваквите постапки се доказ за приближување кон Србија.
Захариева, како што пренесува БГНЕС, одново повтори дека македонизмот сам по себе е геополитичка идеја создадена од Белград и Москва..






