Откако неодамна германските бизнисмени ѝ дадоа нула на Владата на Заев за економските политики, Германска стопанска комора во Хрватска ја стави Македонија во долната половина од земјите во Источна Европа според привлечноста за германски инвестиции.
Според опсежното истражување на Комората, Македонија е на 13. место меѓу 20 источноевропски држави.
Најатрактивна од опкружувањето за германските инвеститори е Словенија на петтото место, а подобри во овој поглерд од Македонија се и Хрватска на осмото, како и Србија на 11. Црна Гора е 14., Босна и Херцеговина 18., Албанија 19. и Косово 20.





