Македонија најзависна од рускиот гас во Европа

Македонија е единствената земја во Европа стопроцентно зависна од руски гас, покажуваат податоците на Агенцијата на Европската унија за соработка на енергетските регулатори (АЦЕР).



Веднаш зад Македонија се Босна и Херцеговина и Молдавија, а зад нив следува членката на ЕУ, Финска, со 94 отсто.

Од земјите од опкружувањето Србија 89 проценти од гасот што го употребува го добива од Русија, Бугарија 77 отсто, Словенија 51 отсто итн.

Македонија, во која рускиот гас доаѓа од Бугарија, планира да ја намали зависноста од руски гас со најавената изградба на гасен интерконектор со Грција.