Македонија најнесреќна земја во регионот

Со освоеното 89. место меѓу 146 земји опфатени со истражувањето, Македонија е убедливо најнесреќната земја во регионот според Извештајот за светската среќа на публикацијата „Мрежа на решенија на Обединетите нации за одржлив развој“.



Сите поранешни југословенски републики се далеку пред Македонија, и тоа Словенија на 22. место, Србија на 43., Хрватска на 47., Босна и Херцеговина на 67. и Црна Гора на 75.

Минатата година Македонија стоеше уште полошо според индикаторите за среќа, како очекуваниот животен век, социјалната заштита, корупцијата и други, кога беше 94., но и тогаш беше далеку зад Словенија на 29. место, Србија на 48., Хрватска на 60., БиХ на 64. и Црна Гора на 70.

Финска по петти пат е најсреќна земја на светот, годинава пред Данска, Исланд, Швајцарија, Холандија, Лукесмбург, Шведска, Норвешка, Израел и Нов Зеланд.

Најнесреќна земја во светот, според ОН, е Авганистан, а веднаш над него е Либан.

Првиот светски извештај за среќата е објавен во 2012 година.