Македонија најнесреќна земја во регионот, понесреќна и од Албанија

Сите држави од регионот на Југоисточна Европа се подобро пласирани од Македонија на листата на најсреќни земји во светот, на која македонската држава се најде на 92. место меѓу 149 опфатени со рангирањето за 2022 година на „Ворлд хепинес рипорт“.



Земени предвид се шест критериуми: бруто домашен производ по жител, социјална политика, здрав животен век, слобода за донесување сопствени животни избори, великодушност на населението и ниво на корупција.

Според нив, Македонија има индекс 5.101 и назадувала за 0,059 поени во однос на претходната година.

Пред неа се сите ексјугословенски републики – Словенија е 29., Србија 48., Хрватска 59., Босна и Херцеговина 63. и Црна Гора 71. Пред Македонија е дури и Албанија на 91. место, а од другите соседи Бугарија е 86. и Грција 67.

Четврта година едноподруго најсреќна земја во светот е Финска, втора е Данска, трета Швајцарија, а во топ 10 се уште Исланд, Холандија, Норвешка, Шведска, Луксембург, Нов Зеланд и Австрија.