Додека Македонија се подготвува за референдумот на 30 септември лидерот на македонската опозиција ќе го прославува својот 41 роденден со скромна желба, пишува Би – Би – Си на српски јазик во текстот посветен на првиот човек на најголемата македонска партија.
“Да го минам времето со семејството и да направам нешто за Македонија, затоа што Македонија е над се”, вели Мицкоски за ББЦ на српски јазик.
“Го искористивме демократското средство кое ги покрива сите граѓани на нашата земја, вели Мицкоски кој вели дека граѓаните сами ќе решаваат како да се однесуваат на референдумот затоа што партијата со најмногу пратеници во Собранието не била дел од процесот на преговорите со Грција и не била консултирана за ништо а власта ги игнорирала сите останати.
Мицкоски за ББЦ вели дека до 30 септември неговата партија ќе им ги објаснува на граѓаните штетните последици од договорот со Грција.





