Македонија на врвот на земјите со најголема смртност од Ковид-19 во Европа

Профилот Ковид Дата Чек кој објавува статистики за различни параметри поврзани со Ковид-19 објавува дека за последниве две недели Македонија се искачи на врвот на земјите според број на починати според процентот на население.



Според статистиката на 100 илјади жители во Македонија за 14 дена умреле 16,4 луѓе во последниве две недели.

Втората држава со најлош скор зад нас е Црна Гора со 11,6 и Русија со 7,6 починати.

Топ 10 највисоки стапки на смртност од Ковид (на 100,000) во Европа (17 август – 30 август)

1. Македонија 16.4
2. Црна Гора 11.6
3. Русија 7.6
4. Бугарија 6,7
5. Грција 3.8
6. Кипар 3.3
7. Шпанија 2.8
8. Литванија 2.8
9. Босна и Херцеговина 2.5
10. Велика Британија 2.2

Меѓу земјите со најмала смртност води Словачка со 0,1 починат човек на 100 илјади жители во последниве 2 недели