Македонија на сивата листа на ЕУ на земји со неадекватни даночни стандарди

Европската унија денеска ја додаде Македонија на својата сива листа со земји што имаат неадеквати даночни стандарди, но се обврзале за измена на прописите во согласност со барањата.



Покрај Македонија, министрите за финансии на земјите-членки на ЕУ на сивата листа ги додадоа и Костарика, Хонгконг, Малезија, Катар и Уругвај, како и Ангвила, Доминика и Сејшели, кои се „унапредени“ од црната листа.

Австралија, Есватини (бивш Свазиленд) и Малдиви се отстранети од сивата листа по реформата на своите даночни системи.

На црната листа на т.н. даночни оази, која ЕУ ја воспостави во 2017 година заради сузбивање на сè поголемото затајување даноци и која редовно се ажурира, се наоѓаат Американска Самоа, Фиџи, Гуам, Палау, Панама, Самоа, Тринидад и Тобаго, Американските Девствени Острови и Вануату.