Машката ракометна репрезентација на Македонија е на чекот до нов пласман на светските првенства по ремито 24:24 против Чешка во Злин, но може да жали што не триумфира по водството од 17:10 во второто полувреме.
„Црвено-жолтите“ имаа предност од 24:20, но во последните пет минути не постигнаа гол и во реваншот в недела во Скопје почнуваат од нула против фаворитот во финалето од мундијалскиот бараж.
Филип Талески со 5 гола од 8 обиди беше најефикасен во македонските редови, капитенот, селектор и играч Кирил Лазаров го заврши натпреварот во Злин со ефект 4/9, а Гоце Георгиевски со 4/5.





