Одливот на медицински персонал ја доведе Македонија на дното во Европа по бројот на вработени во болниците на 100.000 жители, покажуваат податоците на Евростат за 2020 година.
Со 705 вработени, Македонија е убедливо последна меѓу 31 европска земја опфатена со анализата, во која веднаш над неа е Лихтенштајн со 753, како и сите од регионот – Црна Гора со 798, Србија со 939, Бугарија со 1.018, Хрватска со 1.204, Словенија со 1.287 итн.
На врвот е Швајцарија со 2.649 вработени во болниците на 100.000 жители, пред Велика Британија со 2.248, Норвешка со 2.201 итн.







