По поразот на Србија од Шкотска на пенали, Македонија остана осамена оаза на југот од Европа меѓу земјите што се пласираа на Европското првенство во фудбал.
На мапата на УЕФА тие се обележани со сина боја, а околу Македонија сите се со црвена, па ќе ги гледаат македонските фудбалери на телевизија, зошто нивните не изборија учество на ЕП.
Ниту еден од македонските соседи (Србија, Бугарија, Грција, Албанија и Косово) нема да играат на шампионатот на стариот континент, како и Црна Гора, Босна и Херцеговина, Романија и Словенија од опкружувањето.




