Македонија на дното за вакцини со “компир” per capita

Република Македонија е на дното на глобалните и регионални листи на земјите чии жители примиле вакцини.



Според листата подготвена од американскиот медиум “Блумберг” која ја пренесува проектот “Рефлектор” според бројот на примени вакцини имаме биланс “компир” односно НУЛА по глава на жител (per capita).

Зедно со нас во групата со “компир” вакцинирани на 100 жители се и Косово, Црна Гора и БИХ.

Во регионот води Србија а по неа се Словенија, Грција, Хрватска, Бугарија и Албанија.