Македонија „успеа“ по уште еден индикатор да се најде на дното во регионот – овојпат според странски директни инвестиции (СДИ) во време на пандемија од коронавирус.
Според последниот податок од септември 2020 година, во Македонија не само што не се влеале директни инвестиции од странство, туку е забележан одлив од 15,13 милиони евра.
За споредба, Албанија во декември 2000 година има СДИ од 242 милиони евра, Бугарија во јануари 2021 година од 32,7 милиони, Хрватска во декември 2020 година од 160 милиони, Грција во декември 2020 година од 352 милиони, Косово во ноември 2020 година од 26,3 милиони, Грција во декември 2020 година од 352 милиони, Србија во јануари 2021 година од 232 милиони, Словенија во февруари 2021 година од 231 милиони, Црна Гора во декември 2020 година од 663.046 итн.





