Македонија на дното во регионот по странски директни инвестиции лани

Со 274 милиони американски долари странски директни инвестиции во 2020 година, Македонија е на дното меѓу шест земји од регионот, покажуваат податоците на Конференцијата на Обединетите нации за трговија и развој (УНКТАД).



Странските инвеститори лани убедливо најмногу вложиле во Србија, и тоа 3,44 милијарди долари. Втора е Хрватска со 1,3 милијарди, а трета Албанија со 1,1 милијарди.

Далеку пред Македонија по овој параметар се и Црна Гора со 529 милиони, како и Босна и Херцеговина со 371 милион.