Врз основа на законски утврдената минимална плата од 1,63 евра на час, Македонија е на последното место меѓу 22 земји во Европа, покажува извештајот на Европскиот синдикален институт за 2020 година.
Претпоследна на континентот по овој показател, а последна во Европската унија, е Бугарија со 1,87 евра на час, а трета одзади Србија со 1,98 евра на час.
Од земјите во регионот што законски ја имаат регулирано најмалата можна исплата за работниците најдобра е Словенија, која со 5,74 евра на час е осма во Европа. Во Хрватска таа е 3,17 евра на час.
На европскиот врв е Франција со 10,15 евра на час, пред Холандија со 10,14, а трета е Ирска со 10,10.






