Македонскиот претставник на ЛОИ во Токио, таеквондо борецот, Дејан Георгиевски се наоѓа на само една победа до медал, откако победи и во втората борба и се пласира во полуфиналето.



Во првиот дел од борбите во „Макукари Месе“, нашиот ас го победи противникот од Брегот на слоновата коска Сејду Гбане со 9-4 во категоријата до 80 килограми.

Корејскиот таеквандо борец, Кјо До Ин, инаку втор носител на турнирот е следен противник на македонскиот олимпиец. Борбата е закажана во 09:45 часот по македонско време. ГОЛ.мк