од почетокот на пандемијата до денес во Македонија се регистрирани 54.743 заразени лица од направени вкупно 312.143 тестови.
Починале дури 1.511 лица, односно 725 лица на милион жители.
Според овие податоци Македонија се наоѓа на 29-то место по вкупен број на заразени во Европа, додека во однос на бројот на жители, е на високото 16-то место од вкупно 48 држави. Во светски рамки, Македонија се наоѓа на 31-то место по број на заразени на милион жители од вкупно 220 земји.
Според бројот на починати на еден милион жители, Македонија од утрово е на осмо место во Европа.
Односно на 19-то место во светот, веднаш зад Италија, Шпанија и Велика Британија, земјите кои беа и сѐ уште се најсилно погодени од пандемијата.
(Инфомакс)





