Сончево и многу топло време со мала до умерена локална облачност, се очекува денеска во земјава.
Утринските температури се движат 18 до 24 степени, додека преку денот максималните ќе бидат во интервалот меѓу 30 и 41 Целзиусов степен.
Ќе дува умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Ултравиолетовото зрачење ќе има максимална вредност 10.
Во Скопје и околината ќе биде сончево и многу топло со умерен, повремено засилен ветер од северен правец. Температурата ќе достигне до 37 степени.






