Топол бран со температури и над 40 степени ќе ја зафати земјава денеска и утре.
На целата територија на државата ќе биде активно портокалово ниво на опасност од високи температури.
Во петок во текот на ноќта ќе има зголемена облачност со појава на повремени врнежи.
Екстремни топлотни бранови годинава ја зафатија северната земјина хемисфера, а особено Европа, која преживува едно од најтоплите лета, уривајќи ги долгогодишните температурни рекорди.
Според информативната мрежа за временска прогноза и клима Climatebook, јуни годинава бил втор најтопол јуни во Европа и трет најтопол јуни на глобално ниво од 1981 година.
Во Европа топлотниот бран се смета како најлош во последните 200 години, предизвикувајќи пожари во Шпанија, Португалија, Франција, Грција. Температурни рекорди од над 40 степени забележаа Франција и Велика Британија.







