Македонија може да добие премиер Албанец во Јануари

Ако парламентарните избори се одржат во вториот круг од претседателските избори напролет, премиер Албанец ќе има во јануари, најави министерот за надворешни работи Бујар Османинкој е и портпарол на ДУИ.



Според Османи премиерот ќе биде Албанец но не од СДСМ или друга партија туку само од ДУИ.

ДУИ размислува во правец претседателските и парламентарните избори да се одржат заедно. Османи, вели дека партијата сѐ уште нема формална одлука но се размислува за терминот за избори.

„Има едно доминантно размислување дека од логистичко-финансиски и од административен аспект можеби ќе биде претешко за државата да има два изборни циклуса на три месеци, дека ќе се парализираат институциите, дека ќе биде премногу голем трошок, тој аспект се размислува. Затоа има едно размислување дека можеби треба да бидат во ист ден и претседателските и парламентарните избори, но отворени сме за сите опции. Одлука нема. Ќе се обидеме да аргументираме со политичките партии чисто од логистичко-финансиски аспект дека можеби тоа е подобар пристап“, рече министерот Османи.

Кога и да се случат парламентарните избори, министерот нема дилема дека премиерот ќе биде Албанец, кој ќе го предложи ДУИ. Ако парламентарните избори се одржат во вториот круг од претседателските избори напролет, премиер Албанец ќе има во јануари.

Договорот за премиер Албанец е постигнат при формирање на Владата при што во последните сто дена премиерот ќе биде предложен од страна на ДУИ и тоа очекуваме да се случи. Доколку изборите се заеднички, тоа значи дека на почетокот на јануари треба да почнат тие сто дена. Премиерот ќе биде предложен од страна на ДУИ“, вели министерот Османи.

Со премиер Албанец во Македонија албанците во регионот, покрај Рама и Курти, повторно ќе имаат тројца премиери откако црногорскиот политичар Дритан Абазовиќ беше сменет во Црна Гора.