Вечерва во Скопје се одржа средба меѓу шефот на албанската држава и лидерот на македонската опозиција Христијан Мицкоски.
,,На работна вечера со нашиот пријател претседателот на Албанија, Илир Мета. За заедничките предизвици, градењето мостови и иднината која мораме да ја обезбедиме. Македонија мора да оди напред, со надеж за промени, за иднината на сите граѓани”, објави на Фејсбук лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.
На вечерата Мета бил придружуван од албанскиот амбасадор во Скопје Фатос Река а домаќин на Мета со Мицкоски бил и потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николовски.
Мета кој е во тридневна посета на Македонија е првиот албански претседател кој вработи македонски советник претставник на партијата на Македонците во Албанија во својот кабинет.





