Развивајќи ја безбедноста на ширењето на информации преку својата социјална мрежа, „Фејсбук“ воведе технолошки алатки и ангажира илјадници луѓе што ќе се фокусираат на избори низ светот годинава, кои посебно внимание ќе им посветат на Македонија, Индија, Пакистан, Бразил, Мексико, САД, Германија и Унгарија.
Првиот човек на компанијата Марк Цукерберг, кој во интервју за весникот „Њујорк тајмс“ неодамна ја посочи токму Македонија како расадник на лажни профили и на лажни вести, ја означи 2018 како „голема година“ за изборите.
Поучен од обидите за влијаење врз минатогодишните избори за Сенатот во американската држава Алабама, каде што замешале прсти и македонски лажни профили според Цукерберг, „Фејсбук“ ангажира 15.000 луѓе кои работата на безбедноста и на прегледување на содржините. Основачот на компанијата најави дека таа бројка ќе се зголеми до 20.000 луѓе до крајот на годинава.
Фејсбук-сметките од Македонија ги посочи и поранешната државна секретарка на САД, Хилари Клинтон, како една од главните причини за нејзиниот пораз од Доналд Трамп во последните американски претседателски избори во ноември 2016 година.





