Владата донесе одлука да им се придружи на сојузниците од Европската унија и од НАТО во помошта за Украина среде воената интервенција од Русија.
„Владата на Македонија реши да донира воена опрема за Украина, со што им се придружи на другите сојузници од ЕУ и НАТО во изразувањето целосна поддршка и солидарност со Украина во овие тешки моменти“, се вели во објавата на Твитер од Министерството за надворешни работи, во кое се додава и повик од Македонија до Русија веднаш да прекине со воените дејствија.
Владината одлука ја потврди и министерката за одбрана Славјанка Петровска:





