Португалија од денеска го презеде од Германија претседавањето со Советот на Европската унија, но проширувањето, за кое се заинтересирани Македонија и другите кандидати, не е високо на нејзината агенда.
Меѓу своите приоритети Португалија ги издвои екологијата, дигитализацијата, социјалните права и – односите меѓу ЕУ и Индија!
За Португалците ова е четврто претседавање со ЕУ по влезот на земјата во Унијата во 1986 година.
По Португалците, во втората половина од годинава кормилото на ЕУ ќе го преземе Словенија.






