Европските лидери одлучија да отворат преговори за членство во ЕУ со Украина и Молдавија и да и дадат кандидатски статус на Грузија.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски ја поздрави одлуката донесена на самитот во Брисел како „победа“ за неговата земја и Европа.
Портпаролот на Шарл Мишел, претседателот на Европскиот совет, рече дека договорот за почеток на преговори на двете земји бил донесен едногласно.
Унгарија долго време се спротивставуваше на разговорите кои започнуваат со Киев, но денеска не стави вето на овој потег.
Сепак, премиерот Виктор Орбан објави своја порака на Фејсбук:
„Членството на Украина во ЕУ е лоша одлука. Унгарија не сака да учествува во оваа лоша одлука и затоа денеска се држеше настрана од одлуката“.
Претседателот на Украина Зеленски е воодушевен од најавата на ЕУ: „Ова е победа за Украина. Победа за цела Европа. Победа што мотивира, инспирира и зајакнува“, рече тој на Твитер.
Украина и Молдавија аплицираа за влез во ЕУ откако Русија ја започна својата агресија на Украина во февруари 2022 година.
Двете земји добија кандидатски статус во јуни минатата година.
Македонија е кандидат за членство цели 18 години од 2005 година но досега Брисел не можеше едногласно да изгласа почеток на преговорите.





