Македонија ќе плати најмалку 400 милиони евра казна за одземена концесија за само еден рудник (ВИДЕО)

Македонските власти од државниот буџет ќе платат најмалку 400 милиони евра казна за одземена концесија за рудник Казан Дол.



Оваа информација ја објавува медиумскиот експерт кој е упатен во бизнисот со рудници Виктор Грозданов кој цитира одлука од меѓународна арбитража на која владата на Македонија е прогласена за виновна што одзела концесија за рудникот Казандол.

Според информациите на Грозданов објавени во емисијата Заспиј ако можеш, можно е Македонија да плаќа уште поголема оштета за Финската компанија која ја обезбедува технологијата за вадење руда од рудникот.

Македонија според Грозданов допрва ќе се соочи со низа одлуки на меѓународни арбитраажни судови по што ќе треба да плаќа милијарди евра казни за одземени концесии за повеќе рудници.

Концесиите ги одзеде владата на Заев на почетокот на своето владеење.

Целото видео со Грозданов (делот за рудниците почнува по 20 минута)