Ќе биде обновен споменикот на бугарскиот полковник Константин Каварналиев, кој е уништен во 1966 година при акција за уништување на бугарските воени споменици во поранешна Југославија. Спомен-плочата на стотици бугарски офицери и војници кои загинаа во 1916 година за време на битката кај Кајмакчалан, исто така ќе биде обновена, изјавил наводно, премиерот Зоран Заев денеска по заедничката средба со бугарскиот колга Бојко Борисов, пренесуваат бугарски медиуми.
„Тоа не е во врска со договорот. Тоа е во врска со пријателството. Ова треба да го правиме сите заедно, за да ги зближиме двата народа и нашите земји, да продолжиме да работиме заедно“ изјавил македонскиот премиер.
Двете влади ќе одржат заедничка седница во декември, објави премиерот Бојко Борисов и се заблагодари за најавата обнова на спомениците.
„Ова е важно за да може сите наши противници, кои тврдат и велат дека сме се откажале од историјата, токму спротивното – и двете држави имаат толку многу историја што можеме да се пофалиме со неа доволно многу” изјавил Борисов.
Зоран Заев, исто така, го истакна заедничкото одбележување на празници како Илинден и 24 мај и му се заблагодари на Бојко Борисов за големата поддршка што Бугарија й дава на Македонија за својата евроатланска иднина. пренесе Бугарската радиотелевизија БНР.





