Македонија ќе ја гледа ЕУ преку ,,крива макарона”, членство за најмалку 10 години, најавува Керемитчиев

Македонија во следните 10 години ќе гледа на ЕУ преку ,,крива макарона”, односно нема шанси да стане членка смета екс бугарскиот министер за надворешни работи Милен Керемедчиев.



,,Дури и ако Македонија утре ги започне преговорите за влез во ЕУ, таа нема да стане членка во следните 10 години. Односно, во моментов имаме јасно временско растојание до влезот на Македонија во ЕУ. Бугарија не го укина ветото за почеток на преговарачкиот процес”, изјави за Нова ТВ поранешниот заменик министер за надворешни работи Милен Керемидчиев.

Според Керамитчиев ЕУ ги прифатила бугарските аргументи и ги наметнала како свои.

,,Односно, Македонија во моментов не се расправа директно со Бугарија. Нивниот проблем е во Европската комисија. Отсега мораме да пристапиме цврсто, но многу внимателно, и прецизно секоја од работите да биде наведена, напишана и испратена како пример до ЕУ за тоа како една земја кандидат разговара со членка на ЕУ. Поглавјето за добрососедство и владеење на правото е прво што се отвора во преговарачкиот процес и последно се затвора. Така, Бугарија секогаш ќе може да каже дека оваа земја не ги исполнува критериумите“, додаде тој.

Очигледно, гласниот разговор во Македонија на тема права на бугарите си го наоѓа своето место во европските критериуми и колку повеќе се развива антибугарската реторика, толку повеќе се засилуваат чувствата во Македонија. Има анкета, која покажува дека мнозинството Македонци се против промена на Уставот и вклучување на Бугарите како дел од овој народ, објаснува Керемедчиев.

Анализата на Керемитчиев е различна од ветувањата на СДСМ од каде уверуваат дека Македонија за 6,5 години односно до 2030 година ќе влезе во ЕУ.