Македонија ќе добие 30.000 „синовак“ вакцини од Турција

Турција ќе ѝ донира 30.000 вакцини „Синовак“ на Македонија соопшти синоќа министерот за здравство Венко Филипче.



Тој вчера го придружуваше премиерот Зоран Заев во Истанбул каде имаа работна вечера со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.

„Претседателот на Република Турција, Реџеп Таип Ердоган ни соопшти дека ни донираат 30.000 вакцини од производителот Синовак. Овој гест на солидарност е уште еден показател за искреното пријателство и соработка меѓу двете земји. Голема благодарност до турскиот народ и претседателот Ердоган, напиша Филипче на фејсбук.