Македонија ја следи надворешната политика на ЕУ во 85 проценти

Македонија е на четвртото место меѓу 14 земји што не се членки на Европска унија според совпаѓањето на надворешната политика со таа на Брисел, покажува истражувањето на Центар за меѓународни и безбедносни работи (ISAC) од Белград за 2018 година.



Македонската надворешна политика се совпаѓа со таа на ЕУ во 85,19 проценти. Пред неа се само Албанија и Црна Гора со стоотстотна ускладеност со Унијата и Норвешка со 90,74 отсто.

Во следењето на надворешнополитичките декларации и мерки на ЕУ веднаш зад Македонија се Исланд со 83,33 проценти, Лихтенштајн со 81,48 отсто, Молдавија со 75,93 отсто и Босна и Херцеговина со 66,67 отсто.

Половично совпаѓање имаат Грузија со 53,70 проценти, Србија со 51,85 отсто и Украина со 48,15 отсто, а далеку заостануваат Ерменија со 38,89 отсто и Турција со 12,96 отсто.

Куриозитет е Азербејџан, кој има нула поклопување на својата надворешна политика со таа на ЕУ.