Сведувајќи ја Грција само на шест гола во второто полувреме, откако по првото водеше со 13:10, женската ракометна репрезентација Македонија слевеше со 20:19 и со максимални три победи на квалификацискиот турнир во Скопје го потврди пласманот во мундијалскиот бараж.
Избраничките на селекторот Симе Симовски мораа здраво да запнат откако противникот поведе со 13:8, а во почетокот на вториот дел имаше и 15:11.
„Црвено-жолтите“ го презедоа водството во завршницата од дуелот во арената „Борис Трајковски“, но Гркинките имаа последен напад за израмнување, во што ги спречи голманката Мицевска со одбранетиот „зицер“ на противничкото лево крило.
Сара Ристовска беше убедливо најефикасна и на оваа средба со 11 гола, а Мицевска запиша 9 успешни интервенции.
Можни противници на македонските ракометарки во априлскиот плејоф се Чешка, Германија, Унгарија, Црна Гора, Полска, Романија, Русија, Србија, Словенија и Шведска.






