Помеѓу 9. 000 до 9.500 граѓани се отселуваат секоја година од државата покажуваат истражувањата на организацијата за економија „OECD“ . Најмногу од нив заминуваат во европските земји, а помалку во Америка и Австралија, велат во Агенцијата за иселеништво. Во странство, во мoмeнетов има над половина милион иселени.
„Имаме во иселеништво државјани на РСМ, приближно 500-600 илјади. Значи веќе тоа е проблем, кој според мене е доцна да работиме само на случајот за спречување на иселување и на младите, тој бреин дреин. Веќе треба да почнеме да размислуваме и да правиме реална стратегија , како да ги анимираме тие иселеници да ни помогнат и да ги користиме нивните капацитети кон државата, вели Никола Шалваринов- директор на Агенција за иселеништво за Телма.
Главна причина за иселувањето е економскиот фактор, а 48% од младите се изјасниле дека се иселиле за подобар живот , велат од Фондацијата за демократија на Вестминстер.





