По бугарскиот премиер Борисов и бугарската новинска агенција БГНЕС го споменува датумот 10 ноември кога ќе се знае дали Македонија ќе започне преговори со ЕУ во текот на оваа година во рамки на германското претседателство со унијата.
Тогаш во Софија ќе се одржи средба во рамки на Берлинскиот процес и кога се очекува, ако се надминат проблемите меѓу двете земји Македонија да добие неформална покана за меѓувладина конференција односно преговори за членство.
“Минатата седмица при посетата на Бујар Османи властите во Софија настојуваа да се најде брзо решение на спорните прашања преди важната за Македонија средба од Берлинскиот процес на 10 ноември в Софија, кога таа треба да добие покана за почеток на првата меѓувладина конференција. Тоа ќе биде старт на преговорите на Македонија за членство во ЕУ”, пишува БГНЕС за ова прашање.
За многумина со оваа информација на бугарските медиуми која предходно ја навести и премиерот Борисов на Македонија и се упатува порака дека ако за 25 дена не ги прифати барањата кои се дел од бугарскиот меморандум, можно е годинава да нема почеток на преговори за земјата која е земја кандидат од 2005 година.
Предходно е премиерот Заев рече дека ако Бугарија инсистира на барањата тогаш граѓаните треба да се подготват за одложување на почетокот на преговорите.
Во меѓувреме јавноста се уште не знае што е запишано во фамозниот протокол на средбата на мешовитата Бугарско – Македонска комисија која официјално Скопје не сака да го потпише.
Повеќе овде
Што не е во ред – Зошто Скопје одбива да потпише протокол со Софија?






