,,Македонија има пријатели” – Мицкоски им честиташе победа на Орбан и Вучиќ

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски кој денеска беше гостин во изборниот штаб на старо-новиот унгарски премиер вечерва објави слика со него и му ја честиташе победата.



Со пораката ,,Македонија има пријатели” Мицкоски ја честиташе и победата на српскиот претседател Вучиќ.

,,Голема победа за Orbán Viktor. Со среќа и успех нека е петиот премиерски мандат, четврти по ред.

Честитки и за убедливата победа на нашата сестринска партија СНС во Србија. Голема победа за Претседателот на Србија Александар Вучић.

Македонија има пријатели!”, напиша Мицкоски по изборните триумфи на унгарскиот премиер и српскиот претседател.