Државната изборна комисија го заклучи Избирачкиот список според кој на претстојните претседателски избори, право на гласање ќе имаат 1.808.131 глаѓанин.
Од нив 1 726 696 граѓани ќе гласаат на денот на изборите, останати се наоѓаат на посебен избирачки список и ќе гласаат ден претходно.
За успех во вториот изборен круг односно да се достигне предвидениот цензус од 40 % излезност, треба да гласаат 723 илјади гграѓани.





