Македонија и во 2024 со најнизок раст во регионот

Македонија, според проекциите на Светска Банка е со најнизок раст во регионот. Највисок економски раст во 2023 година ќе има Црна Гора од 4,8 проценти, потоа Албанија 3,6 проценти, Косово 3,2 проценти, Хрватска 2,7 проценти, Босна и Херцеговина 2,2 проценти и Србија со 2 проценти.
Годинава нашата земја не може да се пофали со голем економски раст. Како што веќе е објавено, годинава ќе ја заокружиме со само 1,8 проценти економски раст, додека следната година се очекува да се зголеми и да достигне 2,5 проценти, и притоа повторно ќе бидеме на самото дно.
Очекувањата за економскиот раст на земјите се меѓу најзначајните показатели за развојот на земјите, поради што често централните банки, но и светски и домашни економски организации прават прогноза за годините што следат.

Извор : https://www.faktor.mk/makedonija-najslaba-vo-regionot—nikako-da-go-podobrime-ekonomskiot-rast-eve-kakvi-se-ochekuvanjata-za-sosedite-