Во најновиот Индекс за перцепција на корупцијата во 2018 година, на Транспаренси Интернешнал, Македонија и Косово го делат 93 место во однос на корупцијата.



Тие се највисоко рангирани на Балканот, со исклучок на Албанија чиј индекс на корупција е 99.

Пониско на ранг листата се Хрватска на 60 место, Романија на 61, Црна Гора на 67, Бугарија на 77, Србија на 87 и Босна и Херцеговина на 89 место.

Во врска со Македонија во извештајот се наведува дека по падот на владата во 2017 година, очекувањата за антикорупција се високи во земја заинтересирана за отворање на претпристапните преговори со ЕУ.

Најмалку коруција, според Транспаренси интернешнал, има во Данска, Нов Зеланд, Финска, Сингапур, Шведска и Швајцарија, а најкорумпирани земји во светот се Сомалија, Сирија, Јужен Судан, Јемен и Северна Кореја.