Македонија и годинава најнетолерантна кон мигрантите во светот, според Галуп

Според истражувањето на Галуп, Македонија го задржа неславното прво место во светот според нетолерантноста кон мигрантите.



Од 2016 година Галуп воведе Индекс на прифаќање на мигрантите, рангирајќи ги врз основа на ставовите за живеењето на бегалците во земјата на испитаникот, потоа каков е неговиот став за можноста мигрант да му стане сосед и трето, да стапи во брак со член на неговото семејство.

Најмал индекс од 1,46 од можни 9 според одговорите на овие три прашања има Македонија. Втора е Унгарија, трета Србија, а во топ 10 се уште Босна и Херцеговина, Црна Гора, Летонија, Тајланд, Словачка и Турција по тој редослед.

Најтолерантна кон мигрантите во глобални рамки е Канада со индекс 8,46. Следуваат Исланд, Нов Зеланд, Австралија, Сиера Леоне, САД итн.

Од европските земји меѓу најтолерантните се Шведска на осмото место и Ирска на десеттото.

Глобално, индексот падна од 5,34 во 2016 година на 5,21 лани.